Наследство на елеганција и издржливост
За да ги идентификувам населбите фотографирани во 1900 година, се потпирав на стари мапи и современи извештаи, вклучително и книга за Ароманците објавена околу времето кога Милтон и Јанаки Манаки ги направиле нивните фотографии: Номадите на Балканот. Приказ на животот и обичаите меѓу Власите од северен Пинд, од британските истражувачи Алан Вејс и Морис Томпсон. Откако случајно ги откриле Ароманците, Вејс и Томпсон ја напуштиле својата археолошка работа за да ја истражат оваа помалку позната и историски интригантна заедница што зборува јазик од романската група на јазици. Некои описи во оваа изложба се извлечени од нивната книга, бидејќи ги отсликуваат околностите современи со фотографиите.


Вејс и Томсон забележуваат: „Градот се состои од два дела, по еден од двете страни на длабока клисура. Поголемиот и поважен дел се нарекува Серину (сончево), а помалиот е познат како Нкиаре (зајдисонце). Мецово ја прикажува чудната аномалија на истрошено село кое сè уште е во распаѓање, но кое сепак поседува група јавни згради многу подобри од оние на кој било од неговите попросперитетни соседи, сето тоа се должи на дарежливоста на голем број негови синови, особено Георгиос Авероф. Авероф, по раѓање Влав, по име Славјанин, а по образование и избор Грк, беше по потекло од Мецово.”
Отоманскиот гарнизон и џамијата, кои сега ги нема, сè уште биле присутни во Мецово во тоа време. Двете фотографии се направени од браќата Манки од Нкиаре, местото од каде, се чини, потекнува семејството Манаки, бидејќи таму е роден нивниот прадедо по татко.





















